Прашања
Прочитај ги
најчестите прашања
БИС пристапува кон развој на софтверски системи користејќи модерно софтверско инженерство и управување со проекти. Ги користиме најновите технологии и алатки од водечките софтверски компании во индустријата.
Со одлично планирање и координација помеѓу учесниците во проектот резултатите се секогаш успешни. БИС е компанија која испорачува интегрирани системи во различни индустрии кои се во функција 24/7, повеќе од 15 години.
За да може бизнисот да биде конкурентен, од него се бара да открие начини за тоа. Во ерата на Industry 4.0 и нејзините придобивки, дигиталната трансформација е неизбежна. Дигиталната трансформација ќе го промени начинот на водење на бизнисот, бидејќи ERP системот е основа на безбеден и конкурентен бизнис, потребно е сите промени што ќе се случат да се вклопат во ERP системот.
БИС е компанија која секогаш е во склад со најновите трендови и случувања и промените кои се случуваат во бизнисите. Нашето знаење во БИС постојано се проширува преку формални и неформални образовни програми и преку искуството стекнато додека работиме за различни клиенти во различни индустрии. Преку тоа проширување на знаењето, БИС ги анализира, потврдува и ги вклучува најдобрите според практиките преку надградба на веќе постоечките системи и вклучување на тие практики во идните проекти. Нашето искуство и знаење се стекнуваат од работењето на овие полиња повеќе од 20 години.
Во нашето портфолио има различни решенија за различни компании од различни индустрии, кои функционираат непречено повеќе од 10 години. Ако тие клиенти имаат доверба во БИС, без тронка сомнеж, можете и Вие да ни верувате.
Со сеопфатниот детален пристап според потребите на клиентите, заедно со ре-инженеринг на оние деловни процеси и искуството што го стекнавме во креирањето и имплементацијата на различни софтвери, вклучувајќи ги ERP решенијата во различни индустрии, БИС ги поставува основите за управување, анализа, донесување одлуки и добивање на подобри резултати со бизнисот воопшто. Сето тоа води кон подобро управување со деловните процеси, контрола на управување со промените, а тоа само по себе доаѓа со управувањето на вработените или човечките ресурси и индиректно повеќе рентабилна и профитабилна работа.
Потребно е да ги составите вашите потреби и да ги презентирате пред БИС и преку меѓусебна интеракција соодветно, вашите потреби ќе бидат задоволени на најдобар и најприфатлив начин. Треба да закажете состанок со БИС за да разговарате за вашите барања. Ние сме тука да помогнеме. Слободно контактирајте не.
Како и со се, така и овде постојат ризици. При имплементација на ERP решение, развој на нови софтверски решенија и давање на услуга постојат ризици кои можат да настанат кај двете страни, но БИС со навремени предвидувања и превентивни мерки, ризиците ги минимизира или целосно ги елиминира. За наша цел во крајна линија е да имаме среќни и исполнети клиенти и корисници, како и успешно завршени проекти и услуги кои би ги задоволувале потребите на клиентите.
Нашиот тим за поддршка
секогаш ќе Ви помага 24/7
Доверете ја целосната имплементација на вашиот софтверски производ на нашите искусни инжинери, UI/UX дизајнери, програмери.
прочитај повеќеЗа Партнерите

Доверете ја целосната имплементација на вашиот софтверски производ на нашите искусни инжинери, UI/UX дизајнери, програмери.
прочитај повеќеЗа Купувачите

Доверете ја целосната имплементација на вашиот софтверски производ на нашите искусни инжинери, UI/UX дизајнери, програмери.
прочитај повеќеЗа Почетниците
